Уапсен осомничениот за убиство на шест лица во рускиот град Белгород

Од:

Руската полиција го уапси осомничениот за убиство на шест лица во рускиот град Белгород, соопшти руското Министерство за внатгрешни работи. Сергеј Помазун, кој вчера отвори оган во Белгород и уби шест лица е уапсен во Белгородската област, нагласи Министерството.

Тој вчера уби шест лица откако отвори оган во близина на продавница за оружје. Меѓу жртвите има и едно 14-годишно девојче.

Во 14 часот по локално време напаѓачот до местото на настанот пристигнал со возило БМВ Х5 и отворил оган врз случајните минувачи и луѓето во продавницата за оружје.

Според руските медиуми, Помазун пукал поради тоа што некој муго изгребал возилото додека се наоѓал во продавницата за оружје.

Белгород е град со 420.000 жители во јужниот дел на Русиај, на само 40 километри од границата со Украина.

Би можело да ве интересира

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он