Русија ќе има воздухопловна база во Белорусија

Од:

„Росијскаја газета“ под наслов „Испраќаме авиони ловци“ објави дека Русија ќе има воздухопловна база во Белорусија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск изјави дека Федерацијата е подготвена да изгради воздухопловна база во Белорусија со цел да се засили безбедноста на западните граници на Русија.

– Годинава Русија ќе испрати во Белорусија првите авиони ловци, а во 2015 година ќе прерасне во воздухопловен полк, посочи Шојгу без да прецизира какви авиони ќе бидат префрлени во новата руска база.

Би можело да ве интересира

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он