Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека сојузниците САД и Израел мора да бидат поблиски отколку кога било, бидејќи состојбата на Блискиот исток се повеќе се комплицира.
Хејгел тоа го изјави во текот на состанокот со израелскиот премиер Бењамин Нетањах, во текот на последниот ден на тридневната посета во Израел.
Тој укажа дека соработката на двете држави мора да го направи Блискиот исток подобар и безбедносно место во овој тежок и опасен момент.
На Нетањах му нагласил дека Израел ја почитува американската воена и безбедносна поддршка и истакна дека Израел не може да прифати вооружување на терористички групи од Иран, ниту настојувањето на државата да произведува нуклеарно оружје.
Елена Георгиевска