Раководството на авиопревозникот Луфтханза сè уште нема постигнато договор со синдикатите околу мерките за намалување на трошоците за вработените, соопшти денеска германската национална авиокомпанија.
Како што пренесуваат медиумите, оддолжувањето на решението го зголемува притисокот врз авиокомпанијата пред вонредниот состанок на акционерите на кој ќе се гласа за државниот пакет за помош во износ од девет милијарди евра, планиран за четврток.
Луфтханза, која е тешко погодена од падот на патувањата поради пандемијата на коронавирусот, соопшти дека ќе ги продолжи преговорите со синдикатите пред состанокот на акционерите за да се постигне договор и да го отвори патот државата да преземе 20 проценти од акциите во компанијата.
Прашањето за државна помош ја искомпликува и позицијата на најголемиот поединечен акционер на Луфтханза, Хајнц Тиле, кој поседува 15,5 проценти од акциите и кој смета дека државата, со влегување на двајца претставници во надзорниот одбор, би добила премногу моќ во компанијата.
Виртуелната средба на Тиле со германскиот министер за економија Питер Алтмајер и министерот за финансии Олаф Шолц вчера заврши без конкретни резултати.
Во компанијата би можело да се доведат во прашање и
До 22.000 работни места во компанијата би можеле да бидат доведени во прашање со мерките за штедење кои се предлагаат.
Вредноста на акциите на „Луфтханза“, која вчера падна за 3,8 проценти, утрово се намали за дополнителен еден процент.