Зголемување на наградниот фонд за 40 проценти, најавија денеска организаторите на гранд слам турнирот во Вимблдон.
Според нив годинава вкупниот фонд на награди ќе изнесува 34,4 милиони долари, што е зголемување од 9,9 милиони долари во однос на минатата година.
Според „Ол Ингланд клуб“, ова е најголемиот вкупен награден фонд во историјата на професионалниот тенис.
Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,4 милиони долари, во споредба со минатата година кога добија по 1,75 милиони долари.