Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

– Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР