„Самоубиство на осаменоста“ нова претстава на штипскиот Народен театар

Од:

Актерите од Народниот театар-Штип од денеска почнуваат со подготовки за новата театарска претстава „Самоубиство на осаменоста“, во режија на Александар Мирошниченко од Украина.

Директорката на Националната устанува Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“-Штип, Наташа Маневска рече дека украинскиот режисер Мирошниченко ќе го направи изборот на актерите за претставата.

– Неполни 40 дена ќе траат пробите со актерите, кој самиот тој ќе ги избере. Тој веќе има некоја слика за актерите, бидејќи доставени му се видео материјали од претставите, коишто ги има работено штипскиот Народен театар, рече Маневска.

Костимите за претставата ги работи Маја Кикириткова, сценографијата е на Владо Ѓоревски-Рафик, а музиката на Бошко Симоновски.

Премиерата на „Самоубиство на осаменоста“ е закажана за 1 јуни.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“