Тешки времиња за „Викиликс“

Од:

После сите обвинувања на сметка на Џулијан Асанж, се потешко оди финансирањето на неговата организација.

„Замислете Американците никогаш да не слушнале за малтретирањето на затворениците во Ирак. Да не знаат за бруталниот однос кон осомничените за тероризам што ги напаѓаат САД. Или за преслушкување на Американците без судски налог за време на Буш помладиот. Тоа е свет без известувања“.

Со овие реченици уредничката на „Њујорк тајмс“ Маргарет Саливен во редакциски коментар говори за значењето на „Викиликс“ и други вакви видови информирачи на јавноста за квалитетното новинарство.

Некои коментатори, пак, од водечките медиуми во САД сметаат дека „Викиликс“ и неговите поддржувачи не можат да бидат наречени „новинари“. Односно, дека делувањето на овие „откривачи на информации“ не е сфатено толку важно, како импактот што го имаат вистинските новинари. Колку е овој став погубен и за едната и за другата страна, говорат податоците според кои од појавувањето на „Викиликс новинарството“ директно се засегнати и „Викиликс“ и вистинските новинари.

Некои личности, како агентот на ЦИА Џон Киријаку, кој проговори за измачувањето на заробениците во тајните затвори – заврши позади решетки. Други, пак, како Бредли Менинг, се соочуваат со оптужби за „помагање на непријателот“, и му се заканува доживотна робија поради тајниот материјал кој му го даде на Асанж.

Од друга страна, владините институции постојано ја наведуваат националната безбедност како причина за гонење на луѓето од „Викиликс“. Тие порачуваат дека „легитимните тајни мора да останат тајни“. Меѓутоа, некои новинари сметаат дека дојавите кои пристигнуваат од „Викиликс“ честопати најважен елемент при откривање на недопирливи теми.

Така, некогашната ѕвезда на весникот „Гардијан“ , а денес член на екипата на „Њујорк тајмс“ Деклан Волш ги нарекува дојавите од „Викиликс“ како „нефилтрирана крв на истражувачкото новинарство“.

– Тие можат да доаѓаат непроверени и компромитирачки извори, имаат бројни неправилности и бараат внимателна проверка, за да може од нив да се срочи една квалитетна новинарска приказна.

Едно е јасно: на дојавувачите на информации им се суди и се казнувани како и порано. Американскиот закон за шпионирање од 1917 година, за своите 92 години од своето постоење е применет само 3 пати и тоа за процесуирање на владините службеници за кажување на доверливи информации на медиумите. Но, само во првиот мандат на Барак Обама законот е искористен дури 6 пати.

Последиците на ваквата политика се видливи, па американските медиуми се’ почесто пишуваат за потешкотиите при добивање на „неименувани извори“ во администрација.

Во последно време се појави проблем со целокупното финансирање на „Викиликс“. Некои земји се потрудија да покренат механизми за оневозможување за финансирање на „Викиликс“, што во блиска иднина може да биде проблем. Во следниот период се очекува да бидат прикажани два филма во кои во негативно светло се зборува за основачот на „Викиликс“. оскаровецот Оливер Стоун, кој неодамна го посети Асанж во Лондон, на својот твитер профил напиша: „Џулијан живее скромно и дисциплинирано во мала куќа. Во САД не можат да сфатат дека луѓето од типот на Асанж се неопходни и им е неопходна поддршка.“

Додека јавноста не ја прифати важноста на информациите кои владите пробуваат да ги сокријат под ознака „тајни“, најмногу штета трпат граѓаните кои не се свесни што прават првите луѓе во државата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска