Меркел „разочарана“ од откритието дека првиот човек на „Баерн“ не плаќал данок

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази „голема разочараност“ од однесувањето на претседателот на фудбалскиот клуб „Баерн“ од Минхен, Ули Хенес, по откритието дека тој не плаќал данок.

Меркел го критикуваше и однесувањето на раководството на овој германски клуб, во целата афера околу одбегнувањето на даночните обврски кон државата.

Хенес, кој е некогашна ѕвезда на германскиот фудбал и мошне ценет како функционер во овој спорт, самиот им пријавил на германските даночни власти дека има тајна сметка во една швајцарска банка. Тој признава дека не го плаќал основниот данок, на што е законски обврзан.

Гераманското Јавно обвинителство соопшти дека против Хенес е започната и формална истрага.

Портпаролот на Меркел изјави дека канцеларот е посебно разочарана од постапката на Хенес затоа што тој досега беше пример за „се она што е чесно и позитивно“. Тој беше пример за успешен спортист и за успешен функционер во фудбалот, а Германците го знаат и по неговата голема поддршка за интегрирањето на странските имигранти во германското општество.

Раководството на „Баерн“ одби да го коментира отворањето на истрага против Ули Хенес.

Германската Влада е најсилна меѓу земјите од ЕУ за укиннување на тајноста на сметките и депозитите во банките во т.н. „даночни рајски места“ низ светот, што се користат за да се одбегнува плаќањето данок во матичната земја. Меѓу таквите места е и Швајцарија.

Германија и Швајцарија се во долгогодишна расправија околу бројните сметки на Германците во швајцарските банки, во кои според официјален Берлин има префрлено околу 200 милијарди евра, пари на германски државјани.

Би можело да ве интересира

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“