БМВ отпушта 6.000 луѓе и ја откажува соработка со Мерцедес-Бенц

Од:

Германскиот автомобилски гигант БМВ годинава ќе отпушти 6.000 од своите 120.000 вработени, поради последиците од пандемијата на коронавирусот, и ќе ја прекине соработката со Мерцедес-Бенц за развој на самовозечки возила.

Во заедничката изјава на двајцата производители на автомобили се посочува дека, со оглед на трошоците за воспоставување заедничка технолошка платформа и општите економски околности, не е вистинско време за вакви инвестиции.

– Ни требаат дополнителни мерки за да ја направиме групата БМВ поотпорна на надворешните влијанија и флуктуациите на пазарот, се вели во соопштението на БМВ.

БМВ, како и повеќето ривали, се соочува со последиците од пандемијата што сериозно ја намали продажбата на автомобили.

Во првиот квартал од годинава, баварскиот гигант продаде 477.000 возила, што е за 21 процент помалку од истиот период минатата година. Компанијата мораше да затвори неколку фабрики за неколку недели заради спроведување на мерките за спречување на ширењето на заразата.

Минатиот месец, БМВ соопшти дека ги намали планираните инвестиции за оваа година од планираните речиси шест милијарди евра на помалку од четири.

Би можело да ве интересира

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

БМВ ќе произведува медицински маски

А1он

Јужна Кореја му се заканува на БМВ со казна од 10 милиони долари

Наум Локоски

Полицијата изврши претрес во седиштето на корејското БМВ

Наум Локоски

БМВ ќе гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

Наум Локоски

БМВ повлекува 312.000 автомобили од британскиот пазар

Наум Локоски