ЕУ ѝ се закани на Кина со тужба во Хашкиот суд поради Хонг Конг

Од:

Европскиот парламент, со големо мнозинство, усвои резолуција  во која се наведува дека ЕУ мора да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, доколку официјален Пекинг го наметне новиот закон за безбедност на Хонг Конг.

Владите на земјите членки на ЕУ веќе изразија „длабока загриженост“ за најавениот нов закон, за кој  дипломати, активисти и деловни кругови велат дека го загрозува полу-автономниот статус на Хонг Конг и неговата улога во светската економија.

ЕУ, САД и Австралија се согласуваат дека новиот закон за безбедност во Хонг Конг ќе го обесмисли принципот „една земја, два система“, а со кој се дефинира автономијата на Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски