Мурињо незадоволен од ВАР

Од:

Жозе Мурињо не беше задоволен од ВАР по ремито синоќа на Тотенхем против Манчестер Јунајтед.

Португалецот е незадоволен од ситуациите по двата пенали за противникот. Првиот беше потврден откако Ерик Даер го сруши Пол Погба, а вториот беше откажан поради падот на Бруно Фернандеш.

„Не сум задоволен од двата пенали. Јас сум многу незадоволен од ВАР. Судијата може да погреши и да досуди пенал. После тоа, сепак, ВАР мора да ја заврши својата работа. Пред вториот пенал имаше фаул над Орие, за кој не се донесе одлука. Сепак, откако беше досуден пеналот, ВАР интервенираше правилно“, рече Мурињо.

Од почетокот на минатата сезона Јунајтед доби 23 пенали, 9 повеќе од следниот во овој ранг, а според Специјалниот тимот бил подготвен за ова.

„Знаеме дека тие имаат неверојатен рекорд во однос на пенали оваа година и бевме свесни дека сè во шеснаесетникот ќе биде опасно за нас. Затоа моравме да бидеме многу внимателни. Во втората ситуација, јас сум многу разочаран што нивниот играч не доби жолт картон за симулација. Јас сум незадоволен од ВАР, но таква е ситуацијата“, додаде Жозе.

Би можело да ве интересира

Мурињо пред дербито со Челзи: Би сакал да се борам за Лига купот, но не можам

Жарко Настоски

Мурињо повторно му се понуди на Интер