Дополнителна јулска испитна сесија за полагање правосуден испит

Од:

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба со цел предвидување на дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда .

На владината седница што се одржа вечерва преку видеоконфернциска врска е донесена и Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите по овој основ.

Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во држвата, на општините во градот Скопје и Град Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во држвата во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето