Болтон: Ердоган на телефон звучеше како Мусолини од балконот во Рим

Од:

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, во својата нова книга го спореди турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган со италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

„Телефонскиот разговор со Ердоган се покажа како вистинско искуство. Додека го слушав, звучеше како Мусолини да зборува од неговиот балкон во Рим, со таа разлика што Ердоган зборуваше со тој тон и гласност по телефон. Се чинеше како да ни предаваше лекции додека стоиме на бирото за донесување одлуки, пишува Болтон, откривајќи детали за разговорот меѓу него, Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Разговорот бил реализиран веднаш по наводниот хемиски напад во близина на Дамаск во Сирија во 2018 година во кој загинаа повеќе од 40 лица. После помалку од една недела, сојузниците на САД, Велика Британија и Франција почнаа воздушни напади врз сириски воени цели.

Во својата книга, Болтон го нарекува Ердоган диктатор, коментирајќи ги напорите на Трамп да интервенира во случајот против Халкбанк во корист на Турција и да ја искористи својата функција за да запре секакви понатамошни правни дејствија против банката.

„Конкретно, сакав да го информирам (јавниот обвинител Вилијам Бар) за желбата на Трамп да направи лични услуги на диктаторите што му се допаѓаа, како на пример, казнените дела на Халкбанк, ЗТЕ, потенцијално Хуавеј и којзнае што друго,“ пишува Болтон.

Халкбанк е обвинета дека учествувала во голема шема за заобиколување на санкциите против Иран. Во обвинението се тврди дека турско-иранскиот бизнисмен Реза Зараб поткупувал високи функционери, вклучително и турски министер, за да помогнат во пренасочувањето на иранските нафтени приходи преку Халкбанк со помош на лажни зделки.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа