Бикини и боксерки за капење веќе не се посакувани на песочните плажи во одделни делови на Обединетите Арапски Емирати.
Властите на Рас ел Хајм, најсеверниот емират на ОАЕ, на јавните плажи поставиле табли со предупредување дека оние кои ќе носат „скромни“ костими за капење – жените бикини, а мажите боксерки, ќе мораат да платат парична казна.
Весникот „Нешенел“ денеска пишува дека мерката е воведена по бројните поплаки на локалното населние, кое не сака плажата да ја дели со премногу разголени туристи.
Емиратот Рас ел Хајма се наоѓа околу 100 километри северно од Дубаи.
ОАЕ е збир на седум полуавтономни емирати во кои владеат различни општествени норми, од крајно конзервативни до умерено либерални.
Во Дубаи, на пример, се бара „пристојно“ облекување, но ретко се случува некој да биде санкциониран заради носења мини здолниште или бикини.