Новото жариште на коронавирус во кинеската престолнина Пекинг е ставено под контрола, изјави денеска главниот епидемиолог на Кинескиот центар за превенција и контрола на болести Ву Зуњу, но додаде дека и натаму може да очекуваат нови случаи во Пекинг.
Откако беше потврден првиот случај на 11 јуни, во Пекинг се откриени 158 новозаразени во рамки на новото жариште, поврзано со пазарот Ксинфади.
Иако има помал врој случаи во однос на другите земји, кинеските власти дејствуваа брзо со цел да се намали опасноста од ширење на заразата во Пекинг.
„Епидемијата во Пекинг е ставена под контрола. Кога велам под контрола, тоа не знали дека бројот на случаи утре или задутре ќе биде нула,“ рече Ву.