Спасовски: Реконструкција на училиштата за квалитетно образование

Од:

Завршена е реконструкцијата на 13 основни и средни училишта во вредност од речиси 70 милиони денари, а во тек е за уште осум основни и средни училишта во вредност од речиси 12 милиони денари, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил.

Како модел за сите идни и за реконструкција на постојните училишта, посочува Спасовски, е новото училиште „Киро Глигоров” во Центар кое беше изградено по најсовремени стандарди со квалитетни услови за настава, како и училиштето „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба. Во тек е и изградба на нов објект за основното училиште „Димитар Македонски” во Лисиче.

Во објавата на Фејсбук премиерот нагласува дека училиштата се основното скалило за здрави и напредни генерации и дека приоритет на Владата предводена од СДСМ е вложување во подобри услови за подобри училишни денови.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија