Лажен лекар уапсен во Грција по смртта на тројца пациенти

Од:

Грчката полиција уапси 47-годишен маж, кој се претставувал како лекар специјалист, на пациенти со неизлечиви болести им нудел негова „терапија“, ветувајќи им целосни закрепнување, Од „терапијата“ починале три лица, меѓу кои две деца, додека лажниот лекар измамил најмалку 45 луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсениот користел лажни лични податоци и се претставувал како неврохирург, онколог, тврдел во одредени случаи дека работел во здравствен центар во Швајцарија, дека специјализирал детска хирургија и детска онкологија во САД.

За да биде поубедлив во неговите намери понекогаш велел дека е од угледно и познато семејство, дека е на висока функција во меѓународниот Црвен крст, а во некои случаи се претставувал како доктор и/или пилот во военото воздухопловство.

Им приоѓал на граѓани кои лично тие или нивни блиски имаат сериозни здравствени проблеми или некоја неизлечива болест, од нив барал и ги убедувал да ја прекинат терапијата и им давал негова „терапија“ со ветување дека целосно ќе оздрават.

„Терапијата“ била со „софистицирани специјални лекови“, односно препарати од непознато потекло и со непознат хемиски состав, без медицински индикации, кои содржеле активни супстанции на канабис. При апсењето, во неговиот дом биле пронајдени 65 шишиња со такви препарати во различна количина.

Не само што неговата „терапија“ штетно влијаела кај пациентите, а починале три лица, дури и скапо наплаќал.

„Бројот на измамени пациенти се проценува дека е голем, а од досегашните податоци од истрагата, се идентификувани најмалку 45 случаи. Во три од овие случаи, пациентите починале, конкретно две малолетни лица, на возраст од 14 и 16 години, и еден 76-годишен. Во овие случаи, уапсениот успеал да извлече над 58.000 евра,“ соопшти грчката полиција.

По 13-месечна истрага, грчката полиција вчера го уапсила „лекарот“, кој се товари за убиство, измама, трговија со дрога и фалсификување медицинска функција.

Биле идентификувани и тројца негови соработници, а во домот на лажниот лекар биле пронајдени и конфискувани два воздушни пиштола, два ножа, икона што можеби е антиквитет, налепници за медицинска идентификација, белешки со програми за диети, билки и слично, како и ЦД-а со анализи на разни пациенти.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната