На професорите во Велика Британија им е наредено повеќе да не користат црвено пенкало, при оценување на учениците, бидејќи таа боја ги вознемирува децата.
Оваа одредба е оценета како претерување во политичката коректност, која носи ризик и децата да не знаат каде згрешиле.
-Целта е учениците да не се обезхрабруваат доколку нивната домашна задача има грешки. На мене тоа би звучи прилично бесмислено, тоа е претерување во политичка коректност-изјави еден од професорите и додаде дека учениците треба да прават разлика помеѓу она што е исправно, а што погрешно.
Социологот Ричард Дукс изјави дека употребувањето на црвеното пенкало може да ги вознемири студентите, да го поремети нивниот однос со професорите, па дури и да ослабнат во учењето.
Истражувањата покажаа дека треба да се користи неутрална боја, како што е сината.
Елена Георгиевска