Американската влада објави дека сирените не постојат

Од:

Американските власти неодамна беа принудени да го негираат постоењето на сирените, митските суштества – половина девојки, половина риби.

Ова необично соопштение било објавено веднаш по едно ТВ шоу посветоено на овие чудесни суштества и многу од гледачите добиле впечаток дека станува збор за документарен филм.

„Докази за овие морски суштества никогаш не се пронајдени“, се наведува во соопштението, и се додава „сликите и приказните се извлечени од историјата, митологијата и уметноста низ цел свет, од хомеровата „Одисеја“ до усните легенди на австралиските домородци“.

Иако станувало збор за чиста фикција, начинот на кој бил снимен и прикажан овој „документарен“ филм пред гледачите, делувал како образовна програма.
Многумина се јавиле во „Анимал Планет“ да побараат повеќе информации и податоци за суштествата од бајките, така што претпоставените морале во неколку наврати да повторат дека немало научна програма за сирени и дека сето тоа не е вистина.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски