Група од 86 светски познати невладини организации посветени на почитувањето на човековите права и слободи во заедничко писмо ги повика кинеските власти да ги напуштат плановите за воведување на Закон за национална безбедност во Хонг Конг, тврдејќи дека тој ги загрозува загарантираните основни права и слободи.
Писмото го потпишаа, меѓу другото, Амнести Интернешнл, Хјуман Рајтс Воч, Фридом Хаус, а е адресирано до претседателот на Постојаниот комитет на Сенародниот кинески Конгрес, Ли Жансу.
„Иако деталите за содржината на законот не се достапни за јавноста, одлуката сугерира дека тоа ќе ги загрози основните права и слободи на граѓаните на Хонг Конг“, се наведува во писмото на НВО-ата.
Британските медиуми пренесуваат дека потписниците на писмото додаваат дека се особено загрижени за влијанието на законот врз Хонг Конг, особено неговото цивилно општество.