Ангеловска: Секој кој има можност може едноставно да придонесе во борбата со Ковид-19 преку донаторската платформа

Од:

Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата со Ковид-19 со своја донација, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

-Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни!, напиша министерката.

До сега, како што наведува, на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот ковид-фонд во Влада на Република Северна Македонија се донирани над 200 милиони денари.

– www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на ковид-кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia, стои во објавата.

Може да се донира со платежна картичка , а сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори. Донираните средства се користат за справување со Ковид-19, и тоа: за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со Ковид-19 и за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории  граѓани на кои им е потребна помош.

-Благодарност на над 1000 сограѓани кои до сега донирале и над 130 компании кои покажаа солидарност и општествена одговорност. Исто така благодарност до УНИ Банка, која го поддржува овој проект и овозможува процесирање на сите донации без какви било трошоци, пишува министерката во објавата на ФБ.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска