Седницата на српскиот Парламент, на која ќе се разгледа постигнатиот во Брисел договор меѓу Белград и Приштина, ќе се одржи на 26 април, соопшти претседателот на Парламентот Небојша Стефановиќ, јави Танјуг.
По консултации со претседателите на парламентарните групи Стефановиќ изјави дека очекува утре српската Влада да го претстави во Парламентот извештајот за преговорите во Брисел, што ќе го содржи и постигнатиот договор.
Владата на Србија денеска го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово, што премиерите на Србија и Косово го парафираа во Брисел во петокот, на 19 април.