Создавање голема Србија и голема Хрватска на штета на Босна, беше договор помеѓу Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, кои во текот на воените години се сретнаа 42 пати, тврди хрватскиот генерал и командант на Четвртата гардиска бригада, Иво Јелиќ.
-Во случајот Туѓман и Милошевиќ суштината беше да се подели Боста и тоа беше единствената причина за нивното состанување. Од тој сојуз требаше да настанат голема Србија и голема Хрватска, со граници на реките Босна и Неретва-изјави Јелиќ за „Слободна Далмација“.
Според неговото образложение „пред војната Српската академија на науките и уметностите проблемот со Косово го оценува како најголема рак-рана за Белград“, која конечно треба да се реши и тоа со создавање на голема Србија.
-За да го постигнат потребен им беше партнер на Балканот, а тоа е Загреб. На партнерот му беше понудена голема Хрватска, која требаше да ја земе цела западна Босна, по примерот на некогашната Бановина Хрватска, но Загреб беше задоволен и со западна Херцеговина – истакна тој.
Тој тврди дека војната е поттикната од Лондон бидејќи британската претстолнина е двигател на сите геополитички случувања, војни, кризи па така и воените во поранешната Југославија се дел од британскиот проект, како и целосната арапска пролет.
Според него целта на Лондот беше да се урне комунизмот, а сеедно им беше дали Србите и Хрватите ќе се убиваат.
Елена Георгиевска