Македонија во пакетот за проширување на ЕУ

Од:

Според најавите од Европската комисија, Македонија ќе се најде во пакетот проширување на Унијата. Тоа треба да се случи за време на кипарското претседателство , најверојатно на крајот на годинава.

Ова за дописникот на МИА од Брисел го потврди Анка Падурару, шеф на службата за информирање во одделението за проширување на Европската унија во рамки на Комисијата.

„Вашата земја работи на голем број клучни прашања, како што е изборната реформа, слободата на изразување и разгледување на Охридскиот рамковен договор. Важно е да се види добар напредок во овие области. Но, исто така е важно институциите и граѓанското општество да работат заедно“, вели Падурару.

„Македонија треба да се погрижи за продолжување на реформите и да ги обезбеди сите потребни информации за целосната оценка, особено во поглед на владеењето на правото“, вели Падурару.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он