Еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, Ејнџел Гомез, отпатувал за Нигерија за да се обиде со „третман“ кај познат тамошен народен лекар да стави крај на низата повреди што го мачат.
Гомез го призна ова на својата сметка на Инстаграм, што ги шокираше сите во Премиер лигата. Младиот фудбалер, чиј татко е Анголец, а мајка му е Англичанка, замина во Нигерија, каде што беше бил подложен на алтернативен третман кај еден локален шаман.
Самиот талент признава дека се обидел сè во Англија да биде целосно здрав за играње, но на крајот ништо не функционирало, пишува „Монитор“.
И заради ова, 19-годишниот фудбалер отпатувал во Африка. Гомез, кој е младински репрезентативец на Англија, има забележано 10 натпревари за „црвените ѓаволи“, но според експертите тој има светла иднина и заради тоа „Олд Трафорд“ му понуди нов договор.
Во неговата биографија стои и дека неговиот кум е поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Нани.