Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон денеска изјави оти Израел нема да дозволи сириското високотехнолошко оружје да стигне до рацете „на Хезболах или други непријателски елементи“.
– Кога тие ја преминуваат црвената линија ние реагираме, изјави Јалон на заедничката прес-конференција во Тел Авив со американскиот секретар Чак Хејгал.
Јалон го спомна нападот на израелската армија од 30 јануари кога беше нападнат конвој со ракети „земја-воздух“ наменети за либанската група Хезболах, како и врз згради за кои се претпоставувало дека има хемиско оружје.