Отстранувањето на дефектите во јапонската АЕЦ Фукушима по земјотресот и цунами во март 2011 година може да одземе повеќе од предвидените од властите 40 години. Тоа го соопшти тим на Меѓународната агенција за атомска енергија.
– Дефектите се толку комплексни што е невозможно да се предвиди колку ќе трае поправката и стабилизирање, изјави шефот на тимот на МААЕ, Хуан Карлос Лентихо.
Тој додаде дека за завршување на тие работи се можни повеќе од 40 години, времетраење определено од Владата. Тимот на МААЕ (составен од 12 члена) ќе објави идниот месец извештај за проверката во АЕЦ Фукушима.