А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонски пратеници на семинар за национална безбедносна политика во Германија

by А1он22/04/2013 - 14:57115
Share0

Македонски пратеници предводени од потпретседателот на Собранието на Република Македонија Сузана Салиу, од утре до 26. овој месец ќе учествуваат на Семинар за национална безбедносна политика наменет за пратеници во Гармиш-Партнекирхен, Германија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Целта на семинарот е да се воспостави стратешка комуникација со парламентарните институции во областа на безбедносната политика и да се зајакнат капацитетите за нивно вклучување во стратешкиот дијалог, развој и имплементација на националните безбедносни и одбранбени стратегии, да се идентификуваат, појаснат и расветлат институционалните улоги и мисии, како и да се поттикне транспарентноста на одбранбените планови и политики.

Семинарот вклучува предавања, дискусии и интеракција меѓу пратениците и предавачите за прашања од областа на меѓународната безбедносна политика: регионалната безбедносна соработка, парламентите и реформата на безбедносниот сектор, владеењето на правото, НАТО: процесот на пристапување, трошоци и бенефиции, одговорноста на парламентот пред населението, регионалната економска безбедност, улогата на парламентот во буџетот за одбраната и неговото планирање, улогата на парламентот во спротивставувањето на заканите во 21. век: криминалот и корупцијата.

Салиу и пратениците Марјанчо Николов, Тони Трајановски, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Марија Рашковска, Орхан Ибраими, Сафет Бишевац, Тања Томиќ, Димитар Стевананџија, Косана Николиќ Мазнева и Вјолца Мехмети-Нуредини, ќе учествуваат на покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, во  соработка со амбасадата на САД во Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube
sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео