Дождот го отежнува пребарувањето на разурнатите градови од земјотресот во Кина

Од:

Кинески официјални претставници соопштија дека бројот на погинати во земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтер, што во саботата утрото ја погоди кинеската покраина Сичуан, достигна 188 лица, а 11.460 лица се повредени.

Во соопштинието се наведува дека по 25 лица се уште се трага во местото Лушан, во градот Јаан, што се наоѓа на 115 километри од главниот град на покраината Ѓингдуа.

China earthquake

Спасувачката екипа се уште ги пребарува разурнатите населби, а дождот што од утринава паѓа во регионот значително ги отежна активностите. Станува збор за ридести и тешко пристапни места.

Државниот врв на Кина преку резолуција предупреди никој без директна потреба да не оди во регионот погоден од земјотресот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Чин Ганг, изјави дека во загрозениот регион има многу проблеми со пристапот до информации, но дека се уште нема потреба од надворешна помош.

Земјотресот, што во саботата утрото го погоди кинескиот регион Сичуан го загрози животот на 1,5 милион луѓе во 13 градови и 69 градчиња од овој регион.

Патните комуникации кон местата Лушан и Баошинг, во кои живеат вкупно 180.000 луѓе, се во прекин, а единствениот начин на комуникација е воздушниот пат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија