Ангеловска: Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Од:

Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Средствата, како што наведува, се доделени на 593 компании со 10.108 вработени.

-Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени, пишува Ангеловска.

Вчера на владината седница беа одобрени нови 476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Северна Македонија. Во овие компании работат 7.107 лица.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска