Израел ја унапредува беспилотната технологија

Од:

Израелските воздухопловни сили се на патот да развијат беспилотни летала кои за четири до пет децениии ќе учествуваат во борбени операции, кои денес ги изведуваат летала со екипаж, изјави анонимно високо воено лице за „Асошиејтед прес“.

Тој истакна дека Израел работи на забрзани истражувања и развој на беспилотната технологија за воздушните, копнени и водени сили. Израел е светски лидер во технологија на беспилотните летала.

Според зборовите на изворот, Ерусалим заостанува зад САД само во производството на беспилотниот воздушен систем.

Тој додаде дека е свесен за способноста на американските беспилотни летала да испалуваат ракети, но одби да каже дали и израелските беспилотни летала ја имааат таа можност, наспроти десетината сведоци од појасот на Газа, кои изјавија дека виделе како, малите летала исфрлаат ракети.

Неименуваниот извор само го спомна беспилотното летало Хермес 900, кое е многу подобро во однос на претходната генерација на истото летало Хермес 450 и додаде дека Ерусалим работи и на развој на мали тактички сателити кои воените авиони би можеле да ги лансираат во Земјината орбита.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег