Филипче: После 50 години целосно се реновира објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче заедно со заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани и директорот на Институтот за трансфузиона медицина д-р Садула Усеини, вчера направија увид во објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот, каде се врши целосно реновирање.

„После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент“, изјави Филипче.

Имено, станува збор за објект којшто е стар повеќе од 50 години, а реновирањето се извршува во рамки на планот и стратегијата за унапредување на здравствената заштита во оваа јавна-здравствена установа. Комплетно се обновува приемниот дел, направено е прилагодување и целосна реконструкција, која овозможува непречено циркуларно движење на пациентите. Во рамки на објектот ќе функционира една приемна соба за хемостатски лабораториски анализи за прием на примероци од другите здравствени установи и пациенти упатени од матични лекари за анализи, како и две амбуланти за специјалистичко-консултативна дејност, информираат од Министерството за здравство.

Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.

Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и фемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари, соопштува Министерството.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска