Нова научна руска литература ќе биде претставена на УКИМ

Од:

Од денеска до 25 април во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе бидат изложени околу 1.500 книги во рамки на изложбата „Новата научна литература од Русија“.

Изложбата ја организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Руската академија на науките, претставништво за Бугарија и Источна Европа, а ќе ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.

Ќе бидат претставени книги од повеќе области: класични и општествени науки, природни науки и математика, правни науки и литература, економски и филолошки науки, информатичка литература и слично.

Како што се наведува во соопштението од Универзитетот, оваа научна литература е од голем интерес за членовите на академската заедница на УКИМ кои континуирано го следат развојот на научната мисла во светот. Посетителите ќе можат да ги разгледаат книгите во терминот од 8 до 16 часот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска