Тачи: ЕУ да престане со злоупотребата на Косово и да го либерализира визниот режим

Од:

Косовскиот претседателот Хашим Тачи ја повика ЕУ да стави крај на, како што рече, злоупотребата на неговата земја и да го либерализира визниот режим за граѓаните на Косово.

-Не чувствувам зголемување на моето незадоволство кон ЕУ, туку единствено што барам е да престане оваа злоупотреба во однос на Косово, ние сме најпроевропски народ, а остануваме изолирани, поради европското неединство, одговори Тачи на прашањето дали кај него расте незаводоволството од ЕУ, гостувајќи на албанската телевизија Ора њуз.

Во пресрет на понеделничката посета на Мирослав Лајчак на Приштина, Тачи го советува дипломатот да допатува со мислење дека Косово е независна држава.

Во врска со дебатата околу тоа кој ќе го води дијалогот со Србија,тој или примиерот Хоти, Тачи вели дека „како претседателот така и премиерот имаат дефинирана улога.

-Уставот јасно ги дефинира надлежностите на претседателот и на премиерот. Ние сме на чело на институциите да работиме заедно, да се надополнуваме едни со други, да се справуваме во однос на Србија. Верувам дека САД ќе ја преземат улогата што им припаѓа, лидер во овој процес, и ќе имаме брзо движење и од амбасадорот Гренел со директна поддршка од претседателот Трамп. Се надевам дека на крајот на овој процес ќе се постигне меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, но Косово нема друга алтернатива освен европската иднина. Лајчак кога ќе пристигне во Приштина мора да биде јасен, прецизен и да ја прекине злоупотребата што ЕУ му ја прави на Косово, особено со визната либерализација,изјави Тачи.

Според него, земјата ги исполнила сите потребни критериуми, но сепак „нејзините граѓани останале казнети и целосно изолирани, неправедно„.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски