Русинот Алишер Усманов е најбогат во Британија

Од:

По осум години на врвот на годишната листа на најбогати луѓе во Британија, магнатoт на индустријата за челик Лакшми Митал, на прво место го замени рускиот милијардер Алишер Усманов, објави денес весникот „Сандеј тајмс“.

Според весникот богатството на Митал во последните години се намали за 21 процент, на 10 милијарди фунти, поради падот на вредносните акции во неговата компанија „ArselorMital”, па затоа тој во моментов е на четврто место на листата на најбогати во Британија.

Богатството на Усманов, кој има дел во руските рударски и интернет компании, како и во британскиот фудбалски клуб Арсенал се проценува на 13,3 милијарди фунти.

Тој поседува неколку куќи во Британија. На листата се наоѓаат 1.000 најбогати луѓе во Британија чие вкупно богатство изнесува 450 милијарди фунти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот