Центарот за развој на Источен плански регион, денеска потпиша Договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за искористување на средства во висина од 1.660.000,00 денари за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност во источниот плански регион.
Емил Василев од Центарот за развој на ИПР вели дека со овие средства ќе се изградат околу два километри пристапни патишта во обработливите површини во општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.
Со изградбата на овие патишта ќе се овозмоши полесен пристап до околу 4.000 хектара обработлива површина.
Овие средства се од Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година.