ЕК ќе обезбеди вакцини против Ковид-19 за сите членки на ЕУ

Од:

Европска Комисија денеска доби политички мандат од владите на земјите-членки на Европска Унија во нивно име да преговара за набавка на вакцина за новиот коронавирус, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

Таа упати апел до земјите-членки на ЕУ да се откажат од паралелни иницијативи.

„ЕК доби огромна поддршка од владите на земјите-членки на ЕУ за користење на фондот од 2,4 милијарди евра за купување на вакцини против коронавирусот,“ посочи Киријакидес.

Германија, Франција, Италија и Холандија веќе преговараат со фармацевтските компании за купување на вакцини, што може да го ослабне заедничкиот пристап на ЕУ.

Таа истакна дека двете иницијативи имаат иста цел – благосостојбата на сите 27 земји-членки на ЕУ.

„Станува збор за заедничка работа, а не за натпревар,“ рече Киријакидес.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он