Процесот „Медикус“ се проширува и во Албанија

Од:

Истрагата за шверц со човечки органи во Косово, спроведена во рамките на судскиот процес за аферата „Медикус“, би можела да се прошири и во Албанија, јави дописникот на МИА.

Ваквиот нов момент во овој процес уследи откако една пациентка излезе со обвинувања против лекарот Кастриот Даутај, внук на поранешен албански министер за внатрешни работи, дека и „го украл бубрегот“ кога ја оперирал од камен во бубрезите.

Даутај уште во 2005 година беше обвинет од друга пациентка, Зира Аго за вакво кривично дело и за продажба на нејзиниот бубрегот во Косово го обвини, но судот во Тирана тогаш го ослободи од обвинувањата поради немање доволно докази.

Во 2002 година Зира Аго се јавила кај лекарот Кастриот Даутај во Универзитетската клиника во Тирана. Прво и кажал дека камењата во бубрезите ќе и ги отстрани ласерски, но кога дошла на закажаниот датум и кажал дека мора тоа да биде со хирушки зафат. Пациентката се согласила со препораката на лекарот, но по операцијата таа воопшто не го видела. Кога прашала каде е и било речено дека тој заминал за Косово веднаш по операцијата.

Во 2005 година Аго поднесе пријава до Јавното обвинителство во Тирана, под обвинение шверц на органи во Косово, по што лекарот беше притворен. Но, по неколку судски расправи тој беше прогласен за невин и ослободен.

Но, сега е обелоденте и нов скандал за тровија со органи поврзан со истиот хирург. Имено, во 1998 година Даутај ја оперирал од камен во бубрегот и Шеќере Ликај, која неодамна при контрола во болница во Грција дознала дека нема еден бубрег. На 56-годишната Ликај грчките лекари и кажале дека има само еден бубрег, но таа неверувајќи на ваквите тврдења направила преглед и во Универзитетската клиника во Тирана, каде и го потврдиле истото. Кога го побарала нејзиниот болнички картон за операцијата во 1998 година и рекле дека тој исчезнал.

– Барав да контактирам со докторот Даутај, но ниту еднаш ни по опрацијата, а ни сега не се сретнав. Во болницата ни рекоа дека тој со години не работи тука. Сето ова е обвиткано со мистерија, изјави Ликај, која случајот го пријави во полиција.

Во октовмри 2011 Судот во Приштина почна процес против седум лица обвинети во случајот со илегална трговија со човечки органи преку приштинската клиника „Медикус“. За шверц на органи се обвинети се хирурзите Љутфи Дервиши и Дритан Јилта, поранешниот секретар во Министертвото за здравство Илир Рецај, анестезиолог Сокол Хајдини, директорот на клиниката „Медикус“ Арбан Дервиши, како и Сулејан Дула и Ислам Битич. Во врска со овој случај обвинети се и турскиот лекар Јусуф Сомез и Израелецот Моше Харел.

Според обвнителите на Еулекс осомничените биле вклучени во регрутирање на најмалку 20 државјани на Молдавија, Казакистан, Русија и Турција на кои им ветувале по 20.000долари за донирање на бубрег, додека на оние на кои им биле пресадувани им наплатувале од 80 до 100 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски