Вториот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до понеделник

Од:

До понеделник, 15 јуни, е отворен вториот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2020 година, кој го распишаа издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

За наградата може да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во ворд или во пдф-формат), на е-адресата: [email protected]. Ракописите ќе ги оценува тричлено стручно жири.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 30 септември 2020 година. Доколку и друг ракопис биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на ракописите што се второ и треторангирани.

На првиот конкурс за „Пегаз“ минатата година пристигнаа 77 ракописи, а за победник беше избран ракописот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук. Тој беше објавен и промовиран. Ракописите што беа позитивно оценети, исто така, добија можност од „Арс Ламина“ да бидат објавени, па така неодамна од печат излезе и романот „Курвински хроники“ од Александар Русјаков.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска