Испит во Русија траеше 23 часа

Од:

Според пишувањете на медиумите во Русија, усмениот испит кај една професорка во централниот дел на земјата траел 23 часа. Професорката за време на целиот испит на студентите не им дозволила ниту да го напуштат кабинетот.

„Пред крајот на испитот сите седевме целосно исцрпени. Професорката ќе отидеше во другата просторија и ќе пиеше, а потоа се враќаше и продолжуваше со испитот“, изјави еден од студентите за весникот „Московски Комсомолетс“.

Инцидентот се случил на Универзитетот во Казан.

Испитот почнал во десет часот утрината, а не бил завршен до девет часот следниот ден.

Поголем број студенти изјавиле дека професорката по физика Ландиш Зарипова многу мирисала на алкохол. Меѓутоа, шефот на одделот за физика, Алберт Аганов, ги демантирал нивните наводи. Исто така, тој навел дека „долгите“ испити не се невообичаена појава.

„Ако видев дека е пијана, веднаш ќе ја отпуштев“, рече Аганов, пренесуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот