Oбвинителен акт за актерката Стојановска и Будисављевиќ, се гонат за купување, пренесување и продавање на дрога

Од:

Поднесен е обвинителен акт против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот екссопруг, Воислав Будисављевиќ за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По оценката на актот, судот ќе треба да донесе одлука дали на Стојановска и Будисављевиќ ќе им се суди за делата кои им се ставаат на товар. Од Обвинителството велат дека истрагата е спроведена од јули до декември минатата година, а се утврдило дека тие зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање на дрога – кокаин во вкупна количина од близу 700 килограми.

„По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка. Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како повеќе лица, земале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога – кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грам“, велат од Обвинителството.

Актерката и нејзиниот ексспоруг организирале сместување, купување, превезување на дрогата од Мадрид и барале купувачи за истата.

„Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на наркотична дрога – кокаин од Р. Колумбија до Мадрид, Кралство Шпанија и барале купувачи на истата. За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор“, додаваат од Обвинителството.

Од Обвинителството бараат да се продолжи мерката притвор за Будисављевиќ, но и куќниот притвор за актерката Стојановска.

„Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина осликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејствие посебно за да се реализира намерата и да се заработи од неовластената продажба на наркотичната дрога кокаин, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на РС Македонија, обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата“, велат од Обвинтиелството.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ