САД ќе продолжат да го намалуваат военото присуство во Ирак во текот на следните неколку месеци, соопштија двете држави, јави ДПА.
Мотивот за тоа е „значаен напредок во елиминацијата на заканата од ИД“, се вели во соопштението.
САД ќе разговараат со ирачката Влада за статусот на останатите трупи. Двете страни ќе се фокусираат на развојот на билатералните односи во сферата на безбедноста засновани на меѓусебни интереси, се вели во соопштението.