За руските власти нема ништо чудно во бројките за смртност од Ковид-19

Од:

Нема ништо чудно во официјалната руска статистика за стапката на смртност од коронавирусот, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, одговарајќи на тврдењата на Светската здравствена организација (СЗО) дека стапката на смртност од Ковид-19 во Русија е невообичаено ниска во споредба со многу други земји.

Песков, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека телото одговорно за надгледување на работата на руските санитарни служби е во контакт со СЗО и дека ќе одговари на сите прашања на оваа организација.

Портпаролот, како што наведува Тасс, одби да коментира околу наводните методолошките разлики во проценките на стапката на смртност на коронавирусот, додавајќи дека се надева оти руските епидемиолози ќе ги дадат соодветните појаснувања.

Во Русија досега се потврдени 502.436 случаи на Ковид-19, а починаа 6.532 лица, додека 261.150 закрепнале од болеста.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он