Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го критикуваше последниот годишен извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот, велејќи дека е „трагикомично САД да коментира слобода на религијата и човековите права“.
Во извештајот објавен вчера, кој се однесува на 2019 година, Стејт департментот ја повикува Турција да го почитува статусот на прочуениот истанбулски храм Аја Софија како глобално наследство, затоа што тој носи посебна симболика што ги надминува културите.
„Во САД расизмот е присутен во голема мерка. Постои и исламофобија. Во последно време и ксенофобија. Вознемирувањето и нападите врз муслиманите во САД, исто така, се присутни и на високите функции, вклучувајќи членови на Конгресот од исламска вероисповед, изјави Чавушоглу.
Потсетувајќи на делови од извештајот на Стејт департментот околу расправите за претворање на истанбулските музеи Аја Софија и Хора во џамии, Чавушоглу повеќепати истакна дека тие два историски објекта се сопственост на Република Турција.