Свети Николе останува со еден позитивен случај на коронавирусот

Од:

Свети Николе и понатаму останува со еден случај на заразен со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој вели дека според најновите објавени резултати од страна на Министерството за здравство за новозаболени лица на територијата на Општината, двете лица кои се позитивни на КОВИД-19 се од соседната Општина Лозово, но се препишуваат на Општина Свети Николе бидејќи Центарот за јавно здравје-Свети Николе ја покрива и територијата на Лозово.

-Тоа значи дека Свети Николе и понатаму останува со еден регистриран граѓанин од коронавирусот, за кој очекуваме овие денови да излезе од карантин и со покажан негативен тест, вели Велковски.

Апелира до сите граѓани да се придржуваат на мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство за носење заштитни маски, држење дистанца и миење на раце.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците