Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули

Од:

Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје“ соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник.

-Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови од 8 до 16 часот, објави на Фејсбук Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“.

Домовите се напуштени од студентите од средината на март кога беше донесена и одлуката за затворање на факултетите (и училиштата и градинките).

На тие што имаа потреба тогаш да подигнат основни лични работи, тоа им беше овозможено во четири дена, од 7 до 10 април, во одредени периоди согласно со (тогаш) ограничувањата на движењето поради полицискиот час.

За посета на домовите студентите беа пуштани во ограничен број и со почитување на препораките за заштита. Студентските домови во овој период беа и дезинфицирани.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна