Границата Канада-САД ќе остане затворена и по 21 јуни

Од:

Канадско-американската граница ќе остане затворена дури и по 21 јуни, како што беше претходно решено, за целиот сообраќај што не е неопходен, велат извори на Си-би-си Њуз.

Извори од канадската ТВ мрежа, кои се директно запознаени со ситуацијата, потврдија дека Канада и САД преговараат за продолжување на граничните ограничувања, но договорот допрва треба да биде потпишан.

Двете држави постигнаа договор во март за привремено затворање на границите, забрана за патување, но дозволуваат трговски пратки и работници што ја вршат неопходната работа да продолжат да се движат во двата правца.

Не е јасно колку долго ќе бидат продолжени ограничувањата за преминување од една во друга држава. Првичниот договор беше продолжен за првпат во април за 30 дена – до 21 мај, а вториот пат беше продолжен за уште 30 дена минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија