Ирански борбен авион Ф-5 удри во планина, загинаа двајцата пилоти

Од:

Ирански борбен авион Ф-5, од американско производство, денеска се урна на западот на земјата откако претходно удри во планина, јавија иранските медиуми, наведувајќи дејка и двајцата членови на екипажот погинале.

Двата пилота погинале при ударот на авионот во планината во близина на градот Абадан, во провинцијата Илам, откако претходно полетале од воената база Дезфул, на 460 километри западно од Техеран, соопшти гувернерот Морад Насери. Тој додаде дека се истражува причината за несреќата.

Иранските воено-воздухопловни сили поседуваат застарена флота, во која има и летала од американско производство купени уште пред Исламската револуција од 1979 година, пренесоа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он