1,1 милијарда долари за пакистанската армија

Од:

САД ќе деблокираат 1,1 милијарда долари за пакистанската армија, откако вчера беше објавена одлуката Пакистан да го обнови пристапот на земјите од НАТО до пакистанска територија за транспортирање на копнените испораки за мисијата на меѓународната коалиција во Авганистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Пред седум месеци владата во Исламабад го забрани превозот по копно преку пакистанска територија за испораките за НАТО.

Одлуката беше донесена во знак на протест против воздушната операција на НАТО во која, по грешка, беа убиени 24 пакистански војници. Вчера државниот секретар на САД Хилари Клинтон се извини за смртта на војниците.

Парите, што ќе бидат доделени на Пакистан, се од фондот наменет да ги компензира трошоци на НАТО во операциите против талибанците. Тие беа замрзнати за време на напрегнатите преговори меѓу Вашингтон и Исламабад за отварање на патиштата за снабување на мисијата на НАТО. Нивното затворање ги принуди сојузниците да користат други подолги и поскапи патишта за испораките.

Според пресметките на Пентагон, користењето на товарни авиони и на железничките превози преку Русија и поранешните советски републики чинело по 100 милиони долари месечно.
Пакистан не зема транзитни такси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица